Раул Гонзалес: Потфрливме во одбраната, ќе има дуел Вардар – ПСЖ, ама за трето место

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Вардар ја остави шампионската круна. Ја турна од главите на вардарци Монпелје, францускиот тим кој дојде како аутсајдер, но одигра одлично и успеа да слави со 28-27.

Тренерот Раул Гонзалес вели дека Вардар не одигра цврста одбрана, тоа што беше карактеристично за нашиот тим во изминатиот дел од Лигата на шампионите, како и на минатиот Ф4 турнир.

„Потфрливме во некои делови од играта, посебно во одбраната во првиот дел од натпреварот. Исто така не бевме на потребното ниво и во нападот. За разлика од нас, Монпелје беше фантастичен и ги искористи сите наши слабости. Се обидовме да се вратиме во вториот дел, но не успеавме да направиме целосен пресврт. Сите очекуваа дуел Вардар – ПСЖ, и ќе го добијат, но ниту ние, а верувам ниту тие, не сакавме да играме за третото место. Следната сезона ќе бидам во Франција, а се покажа дека тоа е убедливо најквалитетната лига во светот на ракометот во овој момент“, истакна Раул Гонзалес на прес – конференцијата по мечот.

 

Се вчитува...