Раул Гонзалес со истиот тим ќе игра и финале: Ако можеа со Барса, можат и со ПСЖ!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Тимот што победува не се менува. Вардар во вчерашното полуфинале успеа да ја совлада големата Барселона, најтрофејниот европски ракометен клуб, па со истиот состав ќе се обиде да го добие и моќниот ПСЖ во денешното големо финале од Лигата на шампионите. Познати се официјалните состави, надвор од комбинација и овојпат останаа Ангелов и Неданоски.

Тренерот на ПСЖ, Звонимир Нока Сердарушиќ, се разбира, со сите свои ѕвезди ќе настапи во големото финале. На располагање му се Омејер, Абало, браќата Карабтиќ, Хансем, Нарсис…

Финалниот меч ќе го води германската судиска двојка, Ларс Гипел и Маркус Хелбиг, а почнува од 18 часот во „Ланксес арена“ во Келн. Претходно, од 15.15 часот, во битката за третото место ќе играат Веспрем и Барселона.

sostavi finale

Се вчитува...