Раул Гонзалес: Треба да бидеме горди, на еден чекор сме од врвот

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Раул Гонзалес има за што да се радува, откако шпанскиот стратег го одведе Вардар до големото финале од ЛШ. По двете победи над Фленсбург, пред „вардарци“ денеска на колена падна и големата Барселона, која капитулираше на најсладок

Пред се честитки до тимот на Барселона на фер натпреварот. Тие одиграа одлично цела сезона, денеска им застанавме на патот и можеме да бидеме горди на тоа. Во првите 15 минути не игравме како што сакавме, но потоа ги консолидиравме своите редови, заигравме подобро и го имавме перфектниот Арпад Штербик на голот. Сега пред нас е финалето, шанса да се искачиме на врвот на Европа, но знаеме дека ќе биде многу тешко. Јас од првиот момент кажав дека треба да бидеме мирни, да излеземе на терен и да дадеме се од себе. Го сторивме тоа денеска против Барселона, очекувам да го повториме и против ПСЖ“ – изјави Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот.

Алекс Душебајев потенцираше дека време за славење нема, бидејќи за помалку од 24 часа „црвено-црните“ ги очекува големото финале против ПСЖ.

Имаме 24 часа, нема време за славје. Мораме да одмориме, да одгледаме видео и да се подготвиме најдобро што знаеме против ПСЖ“ – изјави Душебајев.

Се вчитува...