Највредниот ракометен клуб во светот Пари Сен Жермен ќе се засили со бекот на Монпелје Метју Гребиј, пренесуваат француските медиуми.
Договорот на Гребиј со ПСЖ ќе биде во траење од три години, а францускиот репрезентативец во Париз ќе дојде на почетокот на сезоната 2020/2021.
Покрај Гребиј Гонзалез во својот тим ќе го донесе и 20 годишниот лев бек на Ним, Елохим Пранди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА