Раул им „сервираше“ релаксиран прв тренинг на „вардарци“ во Келн (ФОТО)

По средбата со медиумите ракометарите на Вардар денеска го имаа и првиот тренинг пред утрешниот натпревар против Барселона во полуфиналето на Фајлнфор турнирот од Лигата на шампионите.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на почетокот се одлучи да им „сервира“ порелаксиран тренинг на ракометарите пред финалната техничко-тактичка подготовка за дуелот со шпанскиот гигант.

Vardar trening 6

Vardar trening 4

Од редовите на македонскиот шампион, како што претходно рекоа, фаворитската улога ја препуштаат на Барселона, но сосема извесно повеќе од максимумот ќе го дадат да ги израдуваат сите свои навивачи и целокупната домашна спортска јавност…

Vardar trening 2

ФОТО: www.rkvardar.mk

Се вчитува...