Раул предупредува: Кил има квалитет да победи во Скопје

Стратегот на Вардар, Раул Гонзалес, веднаш по големата победа во Кил јавно ги предупреди своите избраници дека нема простор за еуфорија бидејќи противникот е доволно квалитетен да возврати со иста мера на реваншот во Скопје.

„Среќни сме поради победата, јасно е дека е многу тешко да се игра во оваа сала. Кил има добар тренер и добри играчи, но ние почнавме многу добро. Одбраната во првото полувреме беше речиси перфектна, контранападите ни помогнаа. Во вториот дел имавме и малку среќа. Како и да е, ова беше само прво полувреме, Кил исто така има квалитет да слави на гостински терен во Скопје како што ние го сторивме тоа овде“ – изјави Раул Гонзалес.

Скромен како и секогаш, нема сомнеж дека Шпанецот нема да остави ништо на случајноста, па „вардарци“ максимално подготвени ќе го дочекаат неделниот реванш во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...