Разиграни Македонци: И Трајковски и Несторовски стрелци за Палермо!

Извонреден ден за македонските интернационалци ширум Европа. По Езгијан Алиоски за Лидс, Мирко Ивановски за Славен Белупо и Енис Барди за Леванте, и Александар Трајковски и Илија Несторовски денеска се запиша во листата на стрелците…

Трајковски и Несторовски се стрелци во моментов за својот Палермо во 2. коло од Серија Б на дуелот против Специја пред своите навивачи.

Трајковски најпрво погоди во 10. минута од средбата за водство од 1-0…

Несторовски, пак, во 52. минута стрелаше за 2-0 за Палермо. Ова се први погодоци и за двајцата сезонава во втората лига на Италија.

Се вчитува...