Разиграниот Велс не престанува: Четврти гол во мрежата на Македонија (ВИДЕО)

ЕКИПА во Кардиф
Владимир Булатовиќ

На овој последниот натпревар во квалификациите, Македонија е пред првиот пораз во циклусот, и прв пораз после долго време на официјален меч.

Велс и во вториот дел не престанува да дава голови, па така постигна четврти во 57. минута од средбата, и тоа после одлична акција.

Серија на одлични додавања, а потоа и петица, па убав шут од прва на Џејмс за убедливо водство од 4-1 на Велшаните, кои се наоѓаат пред победа, и до тоа второ место на табелата.

Се вчитува...