Разлика во класи меѓу Блокотехна и Пелистер

Блокотехна му се приклучи на Работнички како тим со перфектни 3-0 на стартот од сезонава откако клубот од Гевгелија го доби денешниот дуел со Пелистер со резултат 97-69.

Разликата во квалитет меѓу двата тима е огромна, па не е изненадување што гостите од Битола парираа само пет минути, период во кој Пелистер имаше водство од 8-9. Потоа Блоко заигра во својот препознатлив ритам во нападот, Младеновиќ постигна три тројки, па првата четвртина заврши со убедливи 29-14 за домашниот тим. Победникот беше решен уште во првите 20 минути игра што избраниците на Марјан Илиевски ги добија со 53-31, што му овозможи на домашниот стратег да им ддаде и одмор во второто полувреме на дел од клучните кошаркари.

Тоа не влијаеше врз конечниот исход, Блоко дополнително ја зголеми предноста се до конечните 97-69.

Литванецот Гаидус одигра одличен натпревар постигнувајќи 17 поени без ниту едно промашување (2/2 за тројка, 5/5 за два поени, 1/1 за еден поен), Младеновиќ реализираше 15, а Мијатовиќ 13 поени за победничкиот тим. Кај Пелистер најдобар поединец при вечерашниот пораз беше Билер со 21 поен.

Се вчитува...