Разликата е во класи: Кумановци без шанси против МЗТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје ја покажа разликата во класи против Куманово кого без поголеми проблеми го совлада со 75-58. И покрај двата врзани порази во домашниот шампионат од Гостивар и во АБА 2 од Сутјеска, неочекуваниот раскин на договорот со Кениецот Нуни Омот, како и неиграњето на вториот странец Џабари Хајндс, МЗТ покажа класа против Кумановчани кои немаа одговор за тимската игра на Аеродромци.

 

 

 

Се вчитува...