Размена на деценијата: Роналдо во Јунајтед, Лукаку во Реал?

Европскиот клупски првак Реал Мадрид најверојатно ќе се сложи на разделба со својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, кој би можел да се врати на „Олд Трафорд“ ова лето. Но, „кралевите“ во размена го бараат Ромелу Лукаку, робусниот белгиски репрезентативец и член на англискиот премиерлигаш.

Португалецот Роналдо има 33 години и се чини дека е многу блиску до враќање во својот поранеше клуб, откако изрази незадоволство кон Флорентино Перез за неостварени ветувања околу неговата годишна плата. Барањата на Роналдо се огромни и за Реал Мадрид, а тој полека влегува во доцни фудбалски години. Но, се уште може да игра на врвно ниво и би бил одлично засилување за Манчестер јунајтед, пред се и од маркетиншки аспект.

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, сака да направи своевидна револуција и да го подмлади тимот, а негов „пик“ е Ромелу Лукаку. Белгиецот игра извонредно и на Светското првенство, а имаше добра сезона и во дресот на „црвените ѓаволи“.

Доколку се оствари, ова дефинитивно ќе биде размена на деценијата во европскиот фудбал. Но, треба да се согласи и Жозе Мурињо…

Се вчитува...