Размена на голгетери: Радамел Фалкао доаѓа во Милан, а Андре Силва се сели во Монако

Интересна размена треба да биде комплетирана во наредните неколку денови. Двајца напаѓачи кои во моментов се учесници на Светското првенство во Русија, би можеле да бидат дел од спектакуларна размена. Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао е пред преселба во Серија А, каде следната сезона ќе го носи дресот на Милан, додека Португалецот Андре Силва би заминал во Монако.

Италијанскиот весник „Република“ тврди дека речиси се е договорено за да се реализира оваа размена на голгетерите. Фалкао ќе добие нов предизвик во италијанскиот шампионат и ќе го носи дресот на славниот Милан, додека Андре Силва, кој не успеа да се докаже во редовите на „росонерите“, ќе има нова можност за да ги покаже своите квалитети во Монако.

Фалкао беше стрелец на еден погодок за Колумбија на дуелот против Полска во триумфот од 3-0, во второто коло од групата Х. Португалија е веќе во осминафиналето, откако синоќа одигра 1-1 против Иран, и во нокаут фазата за прва пречка ќе ја има селекцијата на Уругвај.

Се вчитува...