Реакции по скандалот – во ПСЖ огорчени, во Ц.Звезда шокирани

УЕФА го извести француското обвинителство дека има сомнение дека  бил наместен натпреварот меѓу ПСЖ и Црвена Звезда (6-1) од втрото коло во Лигата на шампионите.

Обвинението е базирано на веста дека еден од челниците на српскиот првак наводно уплатил пет милиони евра на пораз на Црвена Звезда со повеќе од пет гола разлика.

Францускиот весник „Л’Екип“ ги пренесува реакциите од двете страни по обвинението за местење на натпреварот.

Легендарниот Драган Џајиќ кој е почесен претседател на Звезда, истакнува дека е шокиран од веста.

„Вие сте први од кои го слушам ова. Не сум слушнал ништо за тоа. Не е можно, не е вистина!“ – изјавил Џаиќ за францускиот весник.

Сензационалните обвиненија добија остар демант од француска страна. Во официјалната изјава за весникот од ПСЖ категорично демантираат дека имало било какви спорни состаноци.

„Со чудење и со огорченост ја примаме информацијата што ја споделивте со нас. Во ниеден момент никој од членовите на клубот немал било какви разговори освен оние стандардните врзани за организацијата на натпреварот, состаноци во врска со тоа, посети и останати протоколарни работи на маргините на натпреварот. Во оваа прилика, ПСЖ потсетува на својата посветеност на основните принципи на спортот и на интегритетот на натпреварувањето и го отфрламе секое делување кое може да го доведе во прашање тој интегритет“ – се наведува во реакцијата од ПСЖ.

Се вчитува...