Реакција на „Комити“ до фудбалерите: Ова е непочитување на светиот дрес!

Навивачката група на Вардар, „Комити Скопје“, реагираше по срамниот пораз на фудбалскиот тим на гостувањето против Ренова. Вардарци загубија со 4-0, а „Комити“ велат, тоа е непочитување на дресот кој се носи.

„Да се загуби натпревар не е проблем, се случува. Да се загубат два натпревари по ред се преживува, лош распоред, лоша форма…И не е прашање дали ќе бидеме покрај вас по вакви бламажи, нашата љубов кон Вардар не згаснува… Али да се загуби од Ренова со 4 голови разлика, тоа е е.ење у здрав памет, ноншалантност, непочитување кон дресот кој се носи!  Ставете прст на чело за кој клуб играте и кои се вашите цели, 4, 5, 8 место, опстанок у лига??? Вие сте македонски идентитет во време кога истиот се негира, вашите постапки влијаат врз многу луѓе, со вас се идентификува цела една армија голема колку неколку поголеми македонски градови!“, истакнуваат „Комити“.

Се вчитува...