Реакција од Македонија ЃП: Не бараме алиби за поразот во Штип, но Судиската организација мора да биде реална

Македонија ЃП вчера загуби со 1-0 од Брегалница на гостувањето во Штип во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ признаваат дека одиграле лош натпревар во Штип, но се разочарани и од судиската анализа на ФФМ во која се нагласува дека судијата Грујоски од Кичево донел исправна одлука кога не досуди пенал за Македонија ЃП во 62. минута по стартот на домашниот фудбалер на линијата од шеснаесетникот.

„Играч од нападот на Македонија беше во посед на топката пред самата линија од шеснаесетникот на Брегалница, на него стартуваше играч од одбраната на Брегалница и направи прекршок. Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар, иако е многу тешка ситуација за проценка бидејки контактот  беше пред самата линија на шеснаесетникот, главниот судија беше одлично поставен и донесе исправна одлука“ – се вели во судиската анализа од ФФМ со која не се согласуваат од Македонија ЃП.

„Во врска со вчерашниот натпревар и анализа на судиската организација, ние мораме да реагираме и да го искажеме нишиот став, а тоа дека судиската организација мора да биде реална и да ја признае својата грешката за која ние како клуб сме сигурни дека не е со намера да се наштети. Правилото е јасно дека и линијата е составен дел од казнениот простор и направен прекршок на линија е пенал. Не бараме алиби во судиски грешки и не се правдаме за лошата игра против ФК Брегалница“ – се вели во реакцијата од Македонија ЃП.

Се вчитува...