Реакцијата на шпанскиот коментатор на тројката на Пантер е вистински хит (ВИДЕО)

Херојот од чудесната победа на Партизан во Мадрид, Кевин Пантер, го остави во неверување шпанскиот коментатор кој го пренесуваше драматичниот натпревар.

Кошаркарите на Партизан приредија сензација на стартот од плејоф серијата, откако во Мадрид го совладаа фаворизираниот Реал Мадрид со 87-89, а апсолутен херој на величествениот триумф на црно-белиот тим беше капитенот Кевин Пантер, кој во последната секунда од мечот постигна нереална тројка за победа и предност во серијата од 1-0.

Мајсторијата на Пантер го фрли во очај шпанскиот коментатор кој го пренесуваше натпреварот во живо. Очајниот Шпанец не можеше да поверува што успеа да погоди капитенот на Партизан. Видеото од неговата реакција брзо стана вирален хит.

„Пет, четири, три… Пантер за три поени… Не ми се верува, каков ужас“, „воздивна“ шпанскиот коментатор.

 

Се вчитува...