Реал демантира: Модриќ и Марсело не се на продажба

Реал Мадрид категорични ги отфрли наводите на шпански „Ас“ дека клубот, поради финансиската криза поврзана со пандемијата на коронавирусот, планира продажба на шест фудбалери меѓу кои и Лука Модриќ и Бразилецот Марсело.

„Секој кој и најмалку го познава Флорентино Перез знае дека тоа е апсолутно лажна информација. Модриќ и Марсело сигурно нема да одат на продажба“ – вели висок функционер на клубот.

Претходно „Ас“ објави дека, покрај Модриќ и Марсело, на трансфер листата на Реал Мадрид се и Герет Бејл, Лукас Васкез, Хамес Родригез и Мариано Диаз.

Модриќ има договор со Реал до јуни 2021 година, а Марсело, пак, до јуни 2022 година.

Се вчитува...