Реал десеткуван, шанса за Интер

Зинедин Зидан има огромни проблеми со составот на Реал Мадрид за утрешното гостување против Интер откако неколку клучни фудбалери отпаднаа од комбинација за овој натпревар. Капитенот Серхио Рамос не успеа да се рехабилитира од повредата заработена при настап за шпанската репрезентација, па воопшто нема да патува со тимот за Милано.

Одбраната ќе биде „крпена“ бидејќи покрај Рамос отсутен во дефанзивната линија ќе биде и Милитао, кој неодамна беше позитивен на тестирањето за Covid-19.

Карим Бензема исто така е „во аут“, францускиот ас е повреден, но не успеа да ја добие трката со времето и да настапи на „Џузепе Меаца“. Листата на отсутни фудбалери ја комплетираат Федерико Валверде и Алваро Одриозола, а единствена добра вест за Зидан е што Кашемиро конечно доби негативен резултат на ковид-тестирањето и ќе биде во комбинација за настап.

Бројните проблеми на Зидан се шанса за Интер конечно да стигне до првата победа во групната фаза. „Нероаѕурите“ мораат да слават вечерва доколку сакаат да си ги зголемат шансите за влез во следната рунда, за да не им се случи втора година по ред да бидат елиминирани во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...