Реал е повеќе од клуб: „Кралевите“ со рекорд – 22 гола на едно СП

Реал Мадрид нема ниту еден свој фудбалер во шпанската репрезентација, но затоа „кралевите“ доминираат во останатите селекции на овој светски шампионат.

Најдобар доказ за тоа е неверојатниот рекорд што Реал го постави, фудбалерите на „кралскиот клуб“ постигнаа дури 22 погодоци на овој мундијал, повеќе од било кој клуб досега на било кој светски шампионат.

Листата ја предводи Килијан Мбапе со десет, пред Белингем со седум, а меѓу стрелците се запишаа и Винисиус со четири и Арда Ѓулер со еден погодок.

Вкупно 22, за убедливо уривање на рекордот од 18 гола што го делеа четири клуб, Хонвед на СП 1954, Баерн во 2014 и ПСЖ во 2022 година.

Се вчитува...