Останаа парите од Мбапе: Реал во офанзива по три млади „бисери“

Реал Мадрид одлучил во летниот преоден рок да ангажира тројца играчи како алтернатива за неуспешниот трансфер на Килијан Мбапе, кој одлучи да остане во ПСЖ.

Станува збор за Орелио Чуамени, Дарвин Нуњез и Рафаел Леао, кои би дошле во Мадрид, и би го покриле разочарувањето од кралскиот клуб кој остана без Мбапе, откако доби „корпа“ од францускиот фудбалер, иако од таборот на „кралевите“ беа подготвени да му дадат 200 милиони евра. Поради тоа овие пари ќе бидат наменети за овие тројца играчи.

22-годишниот Чуамени е играч на Монако, тој сака да дојде во Реал Мадрид, но проблем е што „кралевите“ понудија 40 милиони евра, но „кнезовите“ бараат двојно повисока отштета. Исто така Реал ќе сака да го засили нападот и да направи добра замена за Бензема, па така ќе се обиде да го ангажира Дарвин Нуњез од Бенфика, исто така за 40 милиони евра. За Рафаел Леао, кој може да игра на повеќе позиции, Реал Мадрид планира на Милан да му испрати понуда во висина од 50 милиони евра.

Проблем претставува што „росонерите“ немаат намера да го продадат португалскиот крилен офанзивец, кој има клаузула од огромни 150 милиони евра за заминување од „Сан Сиро“.

Се вчитува...