Талентираниот фудбалер на Реал Мадрид Реиниер Хесус ќе биде испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, потврдија од кралскиот клуб. Фудбалерот кој се споредува со Рикардо Кака ќе биде испратен во Германија каде во следните две години треба да се развива, бидејќи поради големата конкуренција нема да добива голема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид ја повторува истата формула како со Ашраф Хакими кој исто така пред сезонава да биде продаден во Интер беше на позајмица кај „милионерите“. Рениер во Мадрид стигна во јануари месец и веднаш беше испратен во вториот тим на клубот, Кастилја.
Реиниер ги помина младинските школи на Васко де Гама, Ботафого и Флуминенсе, а на „Сантијаго Бернабеу“ стигна од редовите на Фламенго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА