Реал го освои Берлин, Олимпијакос триумфално од Болоња

Во последните два натпревари во кошаркарската Евролига вечерва, славеа гостинските екипи, откако во првите две победа издвоија домашните. Реал Мадрид славеше на гости кај Алба Берлин, додека Олимпијакос го совлада тимот на Виртус.

Реал Мадрид го реши победникот уште во првата четвртина, која ја доби со убедливи 25-12. Алба се обиде да се врати низ втората и третата четвртина, но не успеа, и на крајот „кралевите“ ја задржаа предноста. Смит кај Алба беше најефикасен со 22, додека во победничкиот тим Муса постигна 15 поени.

Олимпијакос добро се намачи во дуелот со Болоња. Цело време двата тима се менуваа во водство, за на крајот во финишот кошаркарите на Олимпијакос да направат добра предност и да стигнат и до +5. Виртус се обиде да се врати, но не успеа. Везенков со 22 поени беше најефикасен.

Се вчитува...