Реал го продаде Зидан во Алавес

Енцо Зидан, синот на тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан, реши да го напушти „кралскиот клуб“ и својата кариера да ја продолжи во тимот на Алавес. Зелено светло за овој трансфер дал и легендарниот Зизу, кој е свесен дека за неговиот син фудбалски да созрее ќе треба да излезе од неговата сенка, што подалеку од Реал Мадрид.

Самиот тренер на Реал во текот на ланската сезона во неколку наврати беше критикуван што го форсира својот син вклучувајќи го на клупата за резерви. Енцо, кој како и Зинедин е играч за врска, го прифати предизвикот и потпиша тригодишен договор со Алавес. Иако отпрвин се говореше за едногодишна позајмица, двата клуба на крајот се договорија Алавес целосно да го откупи договорот на Зидан, а Реал да вметне клаузула и за одредена сума да може да го врати овој фудбалер на „Сантијаго Бернабеу“, доколку тој се развие во врвен играч.

Се вчитува...