Реал и Барса во паника: Абрамович сака да купи клуб во Шпанија!?

Роман Абрамович е заинтересиран да го купи поранешниот шпански шампион Валенсија, потврди поранешниот потпретседател на тимот, Мигел Сорио, кој исто така пројавува сериозен интерес за купување на клубот.

Русинот се наоѓа на процес на продажба на актуелниот европски шампион Челси, откако неговиот имот во Обединетото Кралство му беше замрзнат поради блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

„Петер Лим во Лондон неуспешно се обиде да ја продаде Валенсија за 250 милиони евра. Неодамна на медиумите им откри дека има две понуди за продавање на клубот, едната од моја, а втората е од рускиот олигарх од Челси“, изјави Сорио за шпанската интернет страница ‘Ел Десмарке’.

Абрамович се надева дека од продажбата на Челси ќе добие најмалку 3 милијарди евра, а откако му беше замрзнат имотот во Англија, управувањето на клубот му го препушти на хуманитарниот форд на англискиот тим.

Се вчитува...