Реал и Интер по натпреварот договaрaле замена „глава за глава“?

Дербито на третото коло во групата „Б“ му припадна на Реал Мадрид кој во искучително интересен натпревар успеа да слави над Интер со 3-2. Покрај на теренот, интересно било и по истиот, бидејќи како што пренесуваат шпанските медиуми, двата тима започнале разговори за интересна размена на фудбалери.

Иско оваа сезона добива скромна шанса, Зидан не смета сериозно на услугите на шпанскиот репрезентативец кој би можел да се пресели во Италија и го облече сино-црниот дрес на тимот од Милано.

Во спротивен правец би заминал Кристијан Ериксен кој не се наоѓа во добра форма и добива лимитирана минутажа под раководството на Конте.

Овој предлог не би чудел, Иско и Ериксен своевремено беа големи желби на италијанскиот, односно шпанскиот клуб. Претходната година „кралскиот клуб“ беше спремен и да плати 100 милиони евра за услугите на Данецот, додека тој настапуваше за тимот на Тотенхем.

Се вчитува...