Реал и Јунајтед спремаат летна „бомба“: Погба оди во Мадрид, а Варан во Манчестер?

Веќе подолго време се зборува за иднината на Пол Погба, а иако пред два дена излезе информација дека Манчестер Јунајтед планира да го направи Французинот најплатен играч во Премиер лигата, денеска пристигна нова вест од Шпанија.

„Марка“ тврди дека на повидок е спектакуларна разамена меѓу Јунајтед и Реал Мадрид со тоа што играчот од средниот ред ќе се упати кон Шпанија, а во спротивна насока ќе тргне неговиот сонародник Рафаел Варан. Двајцата во моментов се наоѓаат со француската репрезентација на Европското првенство и заедно со фановите на двата клуба, го очекуваат расплетот.

Реал одамна е заинтересиран за Погба и сега гледа можност за остварување на долгогодишната желба, но на клупата повеќе не е Зидан кој најмногу инсистираше на негов трансфер.

Се вчитува...