Реал и Ливерпул во трка за потписот на младата ѕвезда на Монако

Финалистите во годинашното издание во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Ливерпул се најсериозни кандидати за потпис на новата француска фудбалска ѕвезда Орелиен Чуамени.

Иако голем дел од најголемите клубови во светот ги следат игрите на фудбалерот на Монако, сепак во пол-позиција се овие два тима. Како што пренесуваат француските медиуми, Чуамени веќе го контактирале овие два клуба, но исто така се зборува дека тој има голема желба да заигра на „Сантијаго Бернабеу“.

22-годишниот фудбалер има уште две години од актуелниот договор со Монако, а неговата цена во моментов се проценува на 70 милиони евра.

Се вчитува...