Реал и Олимпијакос до водство во четвртфиналните серии во Евролигата

Реал Мадрид поведе со 1-0 против Макаби Тел Авив во четвртфиналето од кошаркарската Евролига, откако вечерва славеше на домашен терен со 84-74. „Кралевите“ уште од стартот го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се надева дека може да се врати во мечот.

Козе со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа исто така 20 поени на Вилбекин.

До 1-0 во плеј-оф четвртфиналната серија во континенталното натпреварување стигна и Олимпијакос откако славеше на домашен терен над Монако со убедливи 71-54. Гостите беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со 8-15. Грците заиграа одлично во продолжението на мечот и на крајот стигнаа и до рутински триумф од 71-54. Меккисик со 12 поени беше најефикасен во домашниот табор, додека кај гостите Хал заврши со 10 поени.

Се вчитува...