Реал и ПСЖ постигнале договор за Нејмар?

Бразилецот Нејмар е на пат кон „Сантијаго Бернабеу“, преговорите одат во вистинска насока и се очекува тој да потпише за Реал Мадрид, тврди новинар на „Мундо Депортиво“. Барселона извисила во моментот кога Фелипе Кутињо договорил да замине на позајмица во Баерн Минхен, а Осман Дембеле одби да биде дел од пакетот што Нејмар би го вратил на „Камп Ноу“.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, подигна кредит од 100 милиони евра за да се обиде да ја склучи големата зделка за ангажман на Нејмар. Реал Мадрид исто така се обидува да вклучи и фудбалери како дел од трансферот. ПСЖ најмногу го посакува Иско, затоа што на Томас Тухел му е потребен нов квалитетен играч за врска.

 

 

 

Се вчитува...