Реал ја чува бројката на Зидан за Килијан Мбапе

Реал Мадрид се подготвува за комплетирање на мегатрансферот на Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ, а „кралевите“ веќе имаат одредено и кој број ќе го носи фантастичниот голгетер во неговата прва сезона во Шпанија.

„Деветката“ е сопственост на Карим Бензема, а зафатени се и останатите броеви што обично ги земаат напаѓачите, па затоа за Мбапе се чува дресот со број пет.

Невообичаена бројка за голгетер, но симболиката е во тоа што своевремено дресот со број пет на Реал го носеше француската фудбалска легенда Зинедин Зидан. Според весникот Ас, самиот Мбапе ја избрал оваа бројка, во знак на почит за сонародникот кој до пред само неколку месеци го напушти кормилото на Реал.

Се вчитува...