Кошаркарите на Реал Мадрид на најдобар можен начин ги излечија раните од поразот во финалето од Панатинаикос во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во „ел-класико“ ја прегазија Барселона со 97-78и со тоа поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во шпанскиот шампионат.
„Кралевите“ фуриозно го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност од 24-14. До крајот на првиот дел гостите намалија само два поени од негативата, па на пауза се замина со резултат 44-36.
Во второто полувреме Реал предводен од неверојатниот Љуљ го полнеше кошот на противникот буквално од секоја позиција и на крајот стигна до конечен триумф од 97-78. Факундо Кампацо со 20 поени и 10 асистенции беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лапровитола постигна 13 поени.
Вториот меч од серијата кој исто така ќе се игра во Мадрид е закажан за во петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА