Реал лесно со Баерн за израмнување со Олимпијакос на врвот во Евролигата

Реал Мадрид останува во игра за првото место во Евролигата пред плејофот по победата од 79-67 над Баерн во 33. коло од најквалитетното европско клупско натпреварување.

„Кралевите“ доминираа во текот на целиот натпревар, уште од самиот почеток на дуелот наметнувајќи предност иако пресудна беше третата четвртина која домашните ја добија со 16-8.

Марио Хезоња беше феноменален кај Реал со 20 поени, а Џанан Муса беше зад него со 11 поени. Кај Баерн се издвои Андреас Обст со 21 поен.

Реал сега се израмни на врвот со Олимпијакос со 23 победи и 10 порази, па во последното коло заедно со Барселона ќе одлучуваат кој ќе дојде до лидерската позиција пред плејофот.

Во останатите вечерашни натпревари Фенербахче убедливо со 103-86 славеше против Анадолу Ефес, додека Валенсија триумфираше со 79-68 против Виртус Болоња.

Се вчитува...