Реал Мадрид без Бејл и Рамос во Москва

Реал Мадрид ќе биде осетно ослабен за претстојното гостување во Моссква против ЦСКА откако беше обелоденето дека Герет Бејл и Серхио Рамос воопшто нема да патуваат со експедицијата на „кралевите“ во Русија.

Двајцата фудбалери заработија повреди на вчерашното градско дерби против Атлетико, се очекува Рамос експресно да се врати наредниот викенд, додека со Бејл ситуацијата е посериозна, станува збор за повреда на мускулот на десната нога поради која ќе следи и подолга пауза од терените.

Покрај овие двајца фудбалери, тренерот Лопетеги нема да може да смета ниту на Иско и Марело, кои се повредени од претходно.

Се вчитува...