Реал Мадрид добива нов Роналдо, синот на Кристијано прави трансфер од сoништата

Кристијано Џуниор, синот на славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е на добар пат да ги заследи стапките на татко му и да заигра во дресот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Петнаесетгодишниот фудбалер настапува во првенството на Саудиска Арабија, но таму нема конкуренција, а со оглед на потенцијалот кој го покажува се чини дека Мадирд е идеалната дестинација каде би се развил во комплетен фудбалер.

Во трансферот на Кристијано Џуниор вклучен е и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој посебно бил инспириран по настапот на младиот Португалец на младинскиот турнир кој се одржа во Хрватска, а тој постигна два гола во финалето.

Се вчитува...