Раководството на Реал Мадрид беше исклучително активно во текот на вчерашниот ден, најпрвин ја комплетираше продажбата на Гонзало Гарсија во Фулам за сума од 40 милиони евра плус 30% од следниот трансфер, а веднаш потоа беше доведена и замената за Гонзало, играч што ќе биде резерва на Килијан Мбапе како „деветка“ во „кралскиот клуб“.
Карлос Еспи од синоќа е нов фудбалер на најтрофејниот европски клуб, овој 21-годишен напаѓач доаѓа од редовите на Леванте каде ги мина последните три сезони.
Еспи имаше клаузула од 25 милиони евра што најпрвин беше подготвен да ја активира новиот премиерлигаш Хул. Сепак, тој трансфер беше стопиран откако Реал за првпат покажа интерес. Преговорите во последните денови се интензивираа, што резултираше со потпис на петгодишниот договор на Еспи со „кралскиот клуб“.
Карлос Еспи беше репрезентативец на Шпанија во У19 и У20 репрезентациите, а ланската сезона беше избран и за најдобар играч во младинската лига во Шпанија за играчи до 23 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
