Реал Мадрид е освојувач на „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид е освојувач на шпанскиот „Копа дел реј“ откако вечерва во финалниот меч кој се играше во Севилја ја совлада Осасуна со 2-1.

„Кралевите“ по само две минути игра стигнаа до водство од 1-0 со голот на Родриго, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел гостите израмнија на 1-1 преку Торо во 58. минута. Победа и нов трофеј за „кралскиот“ клуб донесе Родриго со својот втор погодок вечерва во 70. минута.

Ова за Реал Мадрид е јубилејна 20. титула во најмасовното шпанско натпреварување.

 

Real Madrid [2] – 1 Osasuna – Rodrygo 69′
by u/CivillyWalk757 in soccer

Се вчитува...