Реал Мадрид е последниот патник за Ф4 во Белград!

Реал Мадрид е последниот патник на годинашниот Фајнлфор од Евролигата кој ќе се одржи во Белград.

Шпанците во четвртиот натпревар славеа против Панатинаикос со 89-82 , за 3-1 во четвртфиналната серија и пласман на Ф4 каде веќе место обезбедија ЦСКА Москва, Фенербахче и Жалгирис.

Реал Мадрид одлично го почна мечот против Грците, со континуирано зголемување на предност уште во првиот дел. Па на полувремето шпанскиот тим стигна и до предност од 16 поени (51-35).

Во вториот дел гостите се обидоа да дојдат до пресврт, но немаа сили во завршницата иако на две минути пред крајот дојдоа и до негатива од само пет поени (82-77). На крајот триумф на „кралевите“ од 89-82.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Дончиќ со 17 поени, а по 12 поени запишаа Фелипе Рејес и Густаво Ајон. Во редовите на Панатинаикос најефикасен беше Крис Синглтон со 21 постигнат поен.

Се вчитува...