Реал Мадрид ги собира шпанските селектори

Реал Мадрид по Хулен Лопетеги денеска ангажираше уште еден шпански селектор. Овојпат станува збор за Алберт Селадес, кој до минатиот месец беше кормилар на младинците на „црвената фурија“, а потпиша договор со Реал Мадрид како прв асистент на Лопетеги во стручниот штаб на „кралскиот клуб“.

„Алберт Селадес повторно е дел од Реал Мадрид, овојпат како асистент на Хулен Лопетеги. Тој претходно работеше со младинските категории во нашиот клуб, пред да се пресели на кормилото на младинската репрезентација во 2014 година. Селадес како играч имаше значајна улога во нашиот тим во периодот од 2000 до 2003 и во сезоната 2004/05“ – се вели во соопштението на актуелниот европски шампион.

Селадес со успех ја водеше младинската репрезентација, стигнувајќи до финалето од ЕП во Полска на кое учествуваше и Македонија. Тој самиот си поднесе оставка од кормилото разочаран од одлуката на Шпанската Федерација по отказот на Лопетеги улогата на селектор за СП 2018 да му биде доделена на Фернандо Јеро.

Се вчитува...