Реал Мадрид го „блиндира“ својот вундеркинд: Клаузула од 500 милиони евра за Асенсио

Европскиот клупски првак Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од својот нов вундеркинд, Марко Асенсио, кој блесна во полн сјај на крајот од минатата и почетокот од новата сезона. Тој постигна фантастични голови во финалето на ЛШ, но пред се во Суперкупот на Шпанија против Барселона, и стана еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер – пазарот. ПСЖ веднаш се загреа за него, но „кралевите“ нема да ја направат грешката на Барселона, која дозволи „светците“ да го купат Нејмар за 222 милиони евра.

„Кралскиот клуб“ му подготви нов договор на Марко Асенсио, според кој ќе добие зголемување на годишната плата, но и ќе биде ставена фантастична клаузула од 500 милиони евра, доколку некој клуб сака да го откупи предвреме. Претходно, и Иско се сложи да потпише нов договор со Реал Мадрид, а неговата откупна клаузула изнесува 700 милиони евра.

Се вчитува...