Реал Мадрид го чува Серхио Рамос до 2022 година

Шпанскиот гигант Реал Мадрид му нуди нов едногодишен договор на капитенот Серхио Рамос и сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2022 година. Неговиот актуелен договор истекува наредното лето, а „кралевите“ сакаат да го имаат лидерот најмалку уште една сезона како дел од тимот. По истекот на новиот договор Серхио Рамос ќе има 36 години и потоа ќе одлучува дали и понатаму ќе игра фудбал.

Тренерот Зинедин Зидан верува дека Серхио Рамос и понатаму е еден од најдобрите светски дефанзивци, има огромно влијание во соблекувалната како капитен и сака да биде предводник на тимот и во наредните две сезони. Реал Мадрид полека ќе се насочи и кон барање на најадекватниот наследник на Серхио Рамос во одбраната, а засега прв „пик“ е Дајот Упамекано од Лајпциг.

Серхио Рамос имаше понуди да замине во Кина и во МЛС – лигата на САД, но неговата желба е да остане во Реал Мадрид и да се обиде да освои уште една европска титула со клубот.

 

Се вчитува...