Реал Мадрид го капарисал Ериксен за следното лето

Европскиот првак Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона ќе тргне во големо реновирање на составот. Претседателот Флорентино Перез има подготвено половина милијарда евра за нови засилувања и веќе засилено работи на договор со потенцијалните нови имиња. Една од големите желби е данскиот интернационалец Кристијан Ериксен од Тотенхем. Како што тврди весникот „АС“, раководството на Реал Мадрид веќе го има капарисано да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Ериксен има договор со Тотенхем до 2022 година, но „кралевите“ се подготвени да платат 80 милиони фунти за негов ангажман. Тој треба да биде наследникот на Лука Модриќ кој најверојатно ќе се пресели во Серија А и ќе го облече дресот на Интер.

Се вчитува...