Реал Мадрид го купи Едер Милитао

Европскиот првак Реал Мадрид ја засилува одбраната со бразилскиот интернационалец Едер Милитао. Тој доаѓа од португалскиот тим Порто, а „кралскиот клуб“ ќе плати 50 милиони евра за неговиот ангажман.

Милитао имаше одлични настапи за Порто во Лигата на шампионите и го привлече вниманието на големите клубови, а Реал Мадрид реагираше најбрзо и успеа да го доведе пред Јувентус, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед. Порто уште еднаш покажа дека е клуб кој умее да заработи огромни средства, со оглед дека Милитао го доведе во своите редови за само 4 милиони евра.

 

Се вчитува...