Реал Мадрид го купува Килијан Мбапе

Реал Мадрид го купува Килијан Мбапе. Француската тинеџерска ѕвезда која беше желба на кралскиот клуб уште пред тој да стане дел од Пари Сен Жермен. Според шпанските медиуми, Реал и ПСЖ веќе имаат договор за трансфер на Мбапе. Според нив, операцијата ќе чини 272 милиони евра. Плаќањето би било на четири рати.

Францускиот репрезентативец го воодушеви светот со одличниот настап на Светското првенство во Русија, особено со беспрекорното издание во осминафиналната победа на неговата селекција над Аргентина.

Според дел од тврдењата на медиумите, иако Реал негираше и натаму останува фокусиран и на Нејмар, oсобено што се погласно се зборува за заминувањето на Кристијано Роналдо. Сепак, јасно е дека ако мегатрансферот на Мбапе се реализира, „кралевите“ би добиле врвен голгетер за наредните десетина години.

Се вчитува...