Реал Мадрид го ’напаѓа’ Мауро Икарди, но Интер ќе го блиндира со нов договор

Европскиот првак Реал Мадрид е во потрага по нов елитен напаѓач кој треба да го наследи Кристијано Роналдо во „кралскиот клуб“. Португалецот потпиша за Јувентус и се пресели во Серија А, но и Флорентино Перез гледа кон Италија и сака да го купи Мауро Икарди, капитенот на Интер, и да го направи нова голема ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“. За тоа е подготвен да плати 120 милиони евра.

Сепак, Интер нема намера да се откаже од својот капитен. Раководството на клубот веќе подготви нов договор, со кој треба да биде блиндиран неговиот статус на „Џузепе Меаца“. На крајот, ќе одлучи желбата на самиот Икарди, кој повеќе пати истакнуваше дека сака да остане во редовите на Интер и да игра со тимот во Лигата на шампионите. Но, од друга страна, понуда од Реал Мадрид не се одбива…

Се вчитува...