Реал Мадрид го нуди Тони Крос за да го убеди Интер да го продаде Мауро Икарди

Шпанскиот гигант Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи Мауро Икарди во зимскиот преоден рок. Иако тоа ќе биде многу тешка мисија дури и за Флорентино Перез, раководството на „кралскиот клуб“ се обидува да го убеди Интер за продажба на напаѓачот со најразични опции. Најновата е Тони Крос да биде испратен во Милано, а Реал Мадрид да доплати одредена сума за ангажманот на капитенот на Интер.

Како што открива „Кориере дело спорт“, Реал Мадрид го понудил Тони Крос, а можно е во пакетот да влезе дури и Лука Модриќ, кој одби да потпише нов договор и речиси сигурно ќе замине во Серија А. Флорентино Перез мора да донесе нова ѕвезда во Мадрид и со сите сили е насочен токму кон напаѓачот на Интер. Мауро Икарди има понуда и за обновување на соработката со „нероаѕурите“, со годишна плата од 7 милиони евра, но се уште калкулира и ги мери понудите од другите европски клубови. Реал сака тоа да го искористи и да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...