После Кристијано Роналдо, од Реал Мадрид си заминува и Герет Бејл. Велшанецот за сума од 90 милиони фунти се сели на „Олд Трафорд“ и ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед, откриваат медиумите на Островот. Трансферот треба да биде реализиран во наредните две седмици, а Бејл ќе потпише четиригодишен договор.
Новиот тренер на „кралскиот клуб“, Хулен Лопетеги, одлучи комплетно да го реновира тимот, да ги продаде ѕвездите кои се неадоволни, а можеби и презаситени од настапите во Реал Мадрид. Тоа значи дека на „Сантијаго Бернабеу“ набрзо може да се очекуваат нови големи засилувања, како Еден Азер, Хари Кејн, Деле Али…
Герет Бејл беше човекот на одлука во последното финале на Лигата на шампионите, но и на тој меч влезе како резерва. Велшанецот сака многу поголема минутажа и статус на вистинска ѕвезда, а тоа ќе го добие од Жозе Мурињо во редовите на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА