Реал Мадрид го промовираше Тибо Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман, Тибо Куртоа и Реал Мадрид ја официјализираа шестгодишната соработка. Куртоа го напушти Челси и се враќа во Примера каде претходно беше дел од Атлетико Мадрид. Како дел од трансферот, Хрватот Матео Ковачиќ замина на позајмица во лондонскиот клуб.

„ Денеска ми се исполнува сонот што го имамв уште како дете. Конечно сум дел од клубот што секогаш го посакував“ – изјави Куртоа на промоцијата на „Сантјаго бернабеу“.

 

 

Се вчитува...