Реал Мадрид го враќа Зинедин Зидан на кормилото!

Реал Мадрид ќе го врати Зинедин Зидан на клупата, открива шпанскиот весник „Марка“. Претседателот Флорентино Перез имал успешни преговори со францускиот стратег кој замина пред почетокот на оваа сезона, а претходно донесе многу трофеи на „Сантијаго Бернабеу“.

Бордот на директори на „кралскиот клуб“ треба официјално да го одобри враќањето на Зидан во 18 часот, но шпанските медиуми го најавуваат како веќе завршена работа. Сантијаго Солари ќе добие отказ по слабите резултати и загубените трофеи на сите фронтови. Тој го наследи на клупата Хулен Лопетеги, поранешниот шпански селектор кој исто така не издржа долго на „Сантијаго Бернабеу“.

Флорентино Перез му ветил на Зинедин Зидан дека ќе добие одврзани раце при изборот на засилувањата за новата сезона и дека ќе добие огромен буџет за да формира нов тим по свој вкус.

Се вчитува...