На Светското првенство во САД, Канада и Мексико, има само две селекции со состав вреден повеќе од милијарда евра според трансфер пазарот.
Тоа се Англија и Франција. Во клупскиот фудбал, ситуацијата е поинаква, конкуренцијата е посилна, а тимовите се покоординирани. Дури седум клуба имаат состави вредни над милијарда.
А најскапиот состав денес е Реал Мадрид – 1,38 милијарди евра. Цената на „кралскиот клуб“ значително ја зголемува Килијан Мбапе со 200 милиони евра, според Трансфермаркт, а Џуд Белингам, Винисиус и Валверде се меѓу 15-те најскапи.
На второто место е Арсенал со 1,29 милијарди евра и енормно вредни Букајо Сака и Деклан Рајс.
На трето место со 1,19 милијарди ги делат Манчестер Сити и ПСЖ, Челси е само еден милион поевтин со 1,18 милијарди, по него следува Барселона со 1,12 милијарди евра и Ламин Јамал, кој, како и Мбапе, вреди 200 милиони на пазарот.
Ливерпул е последен во рангирањето со тим вреден над милијарда – 1,04 милијарди евра, додека Баерн е на осмото место со 981 милиони евра. Тотенхем (879 милиони) и Манчестер Јунајтед (719) се исто така во првите 10.
На 11-та позиција е Њукасл (713), додека најдобро рангираниот италијански клуб Интер е со 680 милиони.
Во Серија А има уште два клуба од првите 20, Јувентус е 14-ти со 603 милиони, а Наполи 19-ти со 503 милиони евра.
Во првите 20, доминацијата на клубовите од Премиерлигата – половина, бидејќи тука се и Нотингем Форест (13), Брајтон (16), Астон Вила (17) и Кристал Палас (20. место).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

