Реал Мадрид и Баерн Минхен го обновија интересот за Салах

Шпанскиот гигант Реал Мардид и германскиот првак Баерн Минхен повторно се во трка за ангажман на египетскиот интернационалец Мохамед Салах. „Кралевите“ го обновија интересот по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, а Баерн Минхен сака да ја засили навалната линија со оглед дека „Алијанц арена“ ја напуштија Арјен Робен и Франк Рибери.

Салах со Ливерпул го освои трофејот во Лигата на шампионите и не сакаше да коментира за својата иднина, но тоа е знак за Реал и за Баерн дека сепак ќе можат да стигнат до неговиот потпис. Ливерпул за него бара отштета од 180 милиони фунти.

Се вчитува...